Главниот одбор на Граѓанското движење УРА на техничкиот премиер Дритан Абазовиќ денеска го поддржа Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето за Европа, за вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат на 2 април.
Движењето УРА ги покани сите свои членови и симпатизери да гласаат за Милатовиќ на второто изјаснување.
Победата на Јаков Милатовиќ ќе означи дефинитивен крај на владеењето на режимот на Ѓукановиќ во Црна Гора, што трае повеќе од 30 години. Со тоа целосно ќе се постигне една од нивните програмски цели прокламирани во моментот на формирање“, се наведува во соопштението на УРА.
Од УРА наведуваат дека логистички и во секоја друга смисла ќе му стојат на располагање на Милатовиќ и неговите стручни лица за победата над Ѓукановиќ да биде што поубедлива.
Сето тоа за што се залагавме како партија, за изградба на модерно општество, сега се случува во Црна Гора. Фокусот веќе не е на минатото туку на напредокот и тоа е огромна сатисфакција. Заедно со нашите партнери успеавме целосно да ја покажеме глупоста на дискурсот што ДПС го прошири и со тоа остана на власт, соопшти УРА.
Тие посочуваат дека сите приказни за поделеност, омраза и нетрпеливост кои се уште се туркаат од таборот на Ѓукановиќ паѓаат во вода и се уриваат како куќа од карти.
Време е за нова, модерна Црна Гора, прва следна членка на Европската унија, а УРА ќе продолжи да го дава својот придонес на тој пат“, се наведува во соопштението на УРА.