Дегустирајќи вино на саемот во Белград македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ ја отпеаја песната „Дајте вина, хочу лом“.

Во опуштена кафанска атмосфера како на кастинг за некое ТВ шоу лидерите пееја песни кои се познати на целиот регион. Оваа вест не им се допадна баш на Твитерџиите кои велат дека „Нема ден без бламажа“, „брука“ и „лажна насмевка на лидерите“. Освен критиките од македонската јавност, многу критикуваа и Србите.

Оваа вест на Твитер не помина баш најдобро каде мета на критики беа тројцата функционери. Повеќе може да погледнете во продолжение: