Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска ја напушти болницата по извршена операција на слепо црево.
Рама утрово го напушти Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ во Тирана, откако во неделата му беше оперирано слепо црево, пишува „Албаниан пост“.
На премиерот на Албанија му е дијагностицирано акутен апендицитис, воспаление на слепото црево.
Според лекарот, интервенцијата била успешна, а здравствената состојба на Рама е добра.