Окарактеризирајќи ги обвинувањата за русофилство во ВМРО-ДПМНЕ како „несериозни“ во интервју за Радио Слободна Европа, техничкиот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски вели дека неговата партија има јасна насока каде ја гледа својата иднина.
НАТО и никако поинаку
Тој вели дека ова е политиканство од ДУИ и СДСМ. Вели дека е политичка злоупотреба ВМРО-ДПМНЕ да биде обвинувана во оваа насока.
Знаеме дека ВМРО ДПМНЕ е првата партија која прецизно и јасно има дефинирано во својот статут каде се гледа себе си и каде ја гледа државата а тоа е се разбира како дел од европското семејство и дел од НАТО и никако поинаку. За тоа мислам дека е обид за манипулација на граѓаните, било како да се поврзува ВМРО-ДПМНЕ, дециден е техничкиот министер за внатрешни работи, Тошковски.
Изјави на ДУИ
Изјавиете кои доаѓаат пред се од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но и од Бујар Османи и Артан Груби кои велат дека следува „руско сценарио“ во Македонија според него се политиканство.
Прв приортиет фер изборен процес
Ни следуваат двојни избори, претседателски и парламентарни. Засега, ова ќе биде најголем предизвик за новиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, а тој вели дека ќе направи се за да се спроведе фер изборен процес. Тошковски соопшти дека преку механизмите кои ги имаат на располагање може да има фер и демократски избори.
Злоупотреби СВР Тетово?
Главно прашање остана СВР Тетово и тамошните злоупотреби, па Тошковски најави дека ќе побара поддршка од меѓународните партнери ОБСЕ и ОДИХР. Најави засилен дел на полициски службеници таму, а безредието останува во минатото.
ОБСЕ ОДИХР изразија огромна загриженост за овој факт. Овој дел ќе биде засилено покриен и со набљудувачи од нивна страна, заклучува Панче Тошковски.
Резултати за краток период
Министерот кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за краток период почна да го решава најголемиот проблем на граѓаните, а тоа е вадењето на лични документи. Ваквиот проблем го затече министерот од претходното раководство.