Огромен пожар избувна во нафтена рафинерија во предградието на Ербил во полуавтономниот курдски регион во Ирак. Се запалиле неколку резервоари за складирање со сурова нафта и течен асфалт.
Десетици противпожарни екипи се борат со огнената стихија којашто сè уште не е ставена под контрола. Засега нема информации за жртви, бидејќи по пожарот рафинеријата била веднаш евакуирана.