Веќе подолг период на македонската јавност ѝ е познато дека има видливо незадоволство меѓу првиот човек на СДСМ, Венко Филипче и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов кој е видно револтиран од лидерот Филипче, но веројатно и поранешните лидери Димитар Ковачевски и Зоран Заев продолжува во континуираната „војна“ со тековното раководство на партијата.

Кое е новото раководство на СДСМ?

СДСМ вчеравечер ја одржа првата седница на Централниот одбор. На вчерашната седница за нови потпретседатели беа избрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката Ана Чупеска, битолчанецот Менде Илиевски од тамошниот Совет и Кристина Костова која е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ.

Партијата го избра Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба за генерален секретар, а организациони секретари ги избра Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски кој е пратеник во Собранието.

Претходно, на 30-от партиски конгрес одржан во неделата за заменик-претседателка беше избрана Фани Каранфилова-Пановска.

Вчеравечер Шилегов посвети песна на новото раководство на СДСМ

Популарната песна „Во бестрага“ во изведба на Нокаут и Игор Џамбазов, поранешниот градоначалник на Скопје ја сподели на својот Фејсбук профил.

Наместо коментар… кратко напиша Шилегов алудирајќи на новото партиско раководство.

РЕТРОСПЕКТИВА: Како започна незадоволството на Шилегов?

Сѐ започна во јануари оваа година кога при промоцијата на партијата која ја презеде Данела Арсовска „Нова алтернатива“ присуствуваше тогашниот партиски генерален сектретар Миле Зечевиќ.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов даде свој коментар за присуството на Миле Зечевиќ на оваа промоција.

И булдожерите зарибуваат во кал, нели?, иронично го искоментира настанот Шилегов алудирајќи на Зечевиќ.

ВРИЕ ВО СДСМ - Петре Шилегов со објава против Миле Зечевиќ
ВРИЕ ВО СДСМ – Петре Шилегов против Миле Зечевиќ

Зечевиќ во „првите борбени редови“ со Арсовска

Во продолжение може да погледнете и фотографија од Зечевиќ кој беше „фатен“ од медиумските камери.

Извор: Скопје1

Шилегов објасни зошто е против Зечевиќ

Посетата на Миле Зечевиќ на отворањето на партијата на Данела Арсовска „Нова Алтернатива“ целосно ги зовре страстите во СДСМ. Тогаш Шилегов преку низа статуси и јавни настапи распали по Зечевиќ. Отпосле ја образложи својата одлука и истакна дека станува збор за политички субјект, кој не заслужува такво ниво на внимание од СДСМ.

„Немаме политичка одлука зошто секретарот на партијата бил таму, не знам зошто тој беше таму. Дали бил приватно, не знам. Ако паријата добила покана, во ред е да се појавите таму, но не мислам дека таа партија и тој субјект го заслужува тоа високо ниво на присуство на Социјал-демократскиот сојуз“, изјави Шилегов во гостување во Дневникот на Сител.

Конфликтите продолжуваат

Конфликтот не запра таму, а продолжија и во јули месец оваа година. Сега Шилегов повторно го „нападна“ партискиот секретар Миле Зечевиќ кој важеше за близок на поранешниот лидер Димитар Ковачевски.

„Дечкото од Серава, што мисли дека е “булдужер” од Вардар …Допрва следи “римув” ….“, објави Шилегов на својот „Фејсбук“ профил преку статус кој се однесува на Зечевиќ.

Дали Филипче ќе успее да го „скроти“ Шилегов?

Останува да видиме дали Филипче ќе успее да го „скроти“ Шилегов? Неразбирливо е зошто партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче го изостава Шилегов од партиските органи и дали има дополнителни мотиви за разединетост.