Лицата кои ја нападнале екипата која прска против комарци се обиделе да го уништат возилото и тврделе дека со него се прска коронавирус.
-Недоверливиот сограѓанин го запре возилото на комуналното претпријатие, инсистираше да види налог, но и кој, зошто и што прска и на многу непријатен начин изрази сомнеж дека со сузбивањето на комарците всушност се спроведува терористички напад – стои во соопштението на комуналното претпријатие, од каде додаваат дека напаѓачот рекол дека сака да има комарци и дека не му пречат, но дека веќе не сака да ги види комуналците во неговиот крај или во спротивно се заканил дека нема да излезат живи.
Најавено е дека против напаѓачите ќе бидат поднесени кривични пријави. Нападот е пријавен во полиција, а тамошната комунална милиција со помош на полицијата отсега ќе реагира на секој напад.
На снимката може да се види еден од хулиганите.