Познатиот бизнисмен Орце Камчев, кој веќе трети месец е во притвор во Шутка денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија, неофицијално дознава „Фокус“.
Според информациите, Камчев пред неколку часа се пожалил на болки во градите при што итно е префрлен на клиниката.
Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов ги потврди информациите на „Фокус“ дека Камчев денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија.
„Во 16 часот по барање на бранителите дека му се влошила здравствената состојба на Камчев, тој со амбулантно возило од затворот е префрлен на Кардиологија. Тој се жалел на гушење и болки во градите и како што не информираа ќе биде задржан на клиниката за понатамошни испитувања – потврди во изјава за „Фокус“, Андонов.