Крајнодесничарската француска политичарка Марин Ле Пен денеска со огромно мнозинство е реизбрана за лидер на партијата „Национален собир“, јави телевизијата БФМ.
Изборот се одржаа за време на 17-от Конгрес на партијата во Перпињан .
Според резултатите од гласањето, повеќе од 98 отсто од членовите на партијата гласаше за реизборот на Ле Пен за нејзиниот четврти мандат.