По судирите со припадниците на авганистанските безбедносни сили, Талибанците денеска го зазедоа клучниот кварт Панџваи, некогашно нивно упориште во провинцијата Кандахар, соопштија локалните власти.

Округот е центар на талибанците и со текот на годините беше сцена на големи судири со авганистанските безбедносни сили и трупите на НАТО, чие повлекување е во тек.

Откако Вашингтон на 1 мај почна да ги повлекува своите трупи од Авганистан талибанците ја засилија својата офанзива за да ја преземат контролата врз руралните области на земјата.

Тие го окупираа Панџваи два дена по заминувањето на американските и силите на НАТО од базата во Баграм, најголемата во Авганистан, од каде што се спроведуваа операции против талибанците во последните 20 години.