Астронаутите Лиу Боминг и Танг Хонгбо се прикажани како ја напуштаат станицата во нивните вселенски одела во повеќечасовната мисија на инсталирање опрема од надворешната страна на станицата и во спроведување планирани тестови.

Ова е втора кинеска вселенска прошетка по кинескиот астронаут кој во 2008 година излезе од вселенското летало „Шенжу 7“. Но, таа мисија траеше само околу 20 минути.

Кинеските инженери развија нов вселенски костум, што тежи околу 100 килограми, треба да биде поудобен и да дозволи подолги мисии во вселената.