Вели дека сојот сега е варијанта на загриженост и проблемот е што многу лесно се пренесува и таа преносливост како компонентна е значително изразена во однос на оригиналниот вирус од Вухан.

„Преносливоста се смета дека е за 60% во затворен простор и 40% на отворено и тоа е навистина една сериозна бројка. Се смета дека бројките на заразени се дуплираат секој ден и во рок од еден ден имате растење на кривата на новозаразени, а дуплирани се бројките на хоспитализирани и смртни случаји. Ова се информации од Индија, а во останатите земји, вакциналниот процс е спроведен и таму е поинаку. Затоа не можеме да добиеме една дефинитивна слика за тоа каков е клиничкиот аспект на болеста.“ – вели доктор Мехмедовиќ.