Податоците од владата покажуваат дека изминатиот ден починале 96 лица, што е највисок дневен биланс од 24. март.

На Островот се регистрирани и 46.558 нови случаи, пренесува АП напоменувајќи дека бројот на новите инфекции во вторник обично е повисок зошто тогаш стигнуваат задоцнети податоци од викендот.

Во Велика Британија во понеделникот се укинати речиси сите мерки за сузбивање на коронавирусот, а Британците тој ден го прогласија за „ден на слободата“.