– Изразувам сочувство до семејствата на патниците кои загинаа во сообраќајната несреќа што се случи утрово во близина на Славонски Брод, сочувствувам со властите и народот на Косово во овој тажен момент за сите нив. Им посакувам на повредените патници брзо закрепнување, напиша претседателот Милановиќ.
– Ја повикав министерката (Доника) Гервала-Шварц и им го пренесов сочувството на луѓето и семејствата на жртвите од трагичната автобуска несреќа што се случи утрово во Хрватска. Изразив надеж за брзо заздравување на повредените во сообраќајната несреќа, напиша Грлиќ Радман на својот профил на Твитер.
Десет лица утринава загинаа, а 45 се поврдени, од кои 15 посериозно, кога автобус со косовски регистарски таблички слета на автопатот кај Славонски Брод.
Претходно и премиерот Андреј Пленковиќ изрази сочувство до косовските власти, семејствата на жртвите и народот.