Директорот на Шутка вели дека Камчев бил прегледан од доктор и дека немал никакви здравствени нарушувања, а притисокот му бил со нормални параметри.
Поради ова, не му била дадена никаква дополнителна терапија.
Андонов ги демантираше и обвинувањата дека Камчев бил лекуван со сол и газирана вода, како што тврдат неговите адвокати.