Вчера (29.07.2021) во 00.35 часот од полициски службеници од ОВР Кичево Д.А. бил лишен од слобода откако во текот на вечерта 28/29.07.2021, по добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.А. во с.Гарани и при претресот се пронајдени околу 600 грама хероин, стебла од канабис и други предмети.
Запленети околу 600 грама хероин- поднесена кривична пријава за дилер од кичевско
З
СВР Охрид поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство во Кичево против Д.А. (38) од с. Гарани, Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.