Пожарот го гасеа 400-тинa луѓе, а покрај пожарникарите од Кочани, Виница, Штип и Македонска Каменица, помагаа и луѓе вработени во локалните самоуправи обучени за интервенции во вакви ситуации, пренесува Телма ТВ.

Им помагаше и армискиот хеликоптер, кој делуваше се до стемнување. Според Ангелов, во моментов и во текот на ноќта останува еден малч разгорен дел во непристапниот дел од теренот. На него ќе се внимава во текот на ноќта, и со гаснење ќе се продолжи веднаш штом ќе се раздени.