Шпанската полиција бара странски државјани кои ќе им помогнат да ги откријат нелегалните забави. Според нив, се бараат странци бидејќи локалните жители веќе знаат како изгледаат локалните полицајци, пренесува Факултети.мк.
Ибица забранува одржување на приватни забави од 1 часот до 6 часот наутро за да се намали ширењето на ковид-19 на островот. На островот е забележан значаен пораст во новозаразени лица откако се отворија границите за туристите во јуни. На крајот на јули, во просек биле регистрирани 991 случај дневно.
Затоа, полицијата бара странски државјани на возраст помеѓу 30 и 40 години кои ќе ги откриваат нелегалните забави што се организираат на островот.
Казните за организаторите на нелегални забави изнесуваат до 676.000 долари. Но големите казни не ги спречуваат жителите да организираат забави, туку ги принудиле да ги преместат забавите од локалите во приватните домови.