Каталонскиот клуб истакна дека ова стана возможно благодарение на дефанзивецот Жерар Пике кој се согласи на значително намалување на платата.
Барса, исто така, ги продолжува преговорите со Серхи Бускетс и Жорди Алба, со цел да ги усогласи платите на моменталната ситуација во клубот. Двајцата играчи се подготвени за соработка.
Така, Депај, Гарсија и Манај ќе можат да играат за Барса веќе во првото коло од Ла Лига со Реал Сосиедад утревечер од 20 часот.