Веља невоља имал информации дека неговите непријатели му подготвуваат ликвидација. За ова тој му се пожалил на неговиот пријател и соработник Марко Миљковиќ-Месарот а нивната комуникација е дешифрирана преку „Скај“ телефоните.
Беливук наводно морал да плати 100.000 евра за да открие кој сака да го убие. Како информатор го искористил Александар Григориевиќ Пуки кого подоцна го убил.
Веља од Пуки дознал дека некој си Весковиќ од Црна Гора требало да го убие во класична „сачекуша“, односно заседа.