Извори од Министерството наведуваат дека честичката реагирала на магнетите и дека поради тоа постои сомневање дека станува збор за метал, пренесуваат британските медиуми.
Шпанската фармацевтска компанија „Рови“, која ги пакувала вакцините „Модерна“ во шишиња за пазарите надвор од САД, соопшти дека контаминацијата може да биде последица на проблем со производствената линија и дека спроведува истрага.
Јапонското министерство соопшти дека употребата на серијата од овие вакцини е суспендирана како мерка на претпазливост, што доведе неколку јапонски компании да ја откажат вакцинацијата на работниците, а европскиот регулатор за лекови да отвори истрага за случајот.
Јапонија вчера ја прекина употребата на 1,63 милиони дози од вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“, откако беше откриено дека во некои ампули има „туѓи материјали“.
Извештаите за контаминација стигнаа од осум центри за вакцинација во пет јапонски префектури, а присуството на туѓи материи беше потврдено во 39 ампули.