-Лице заразено со делта сојот може да зарази 20 до 30 луѓе, рече тој на прес-конференција.
Зељковиќ вели дека сериозноста на клиничката слика на заразените со делта е слична на онаа од претходните соеви.
-Институтот размислува за измена на мерките за карантин за луѓето кои биле вакцинирани и биле во контакт со заразено лице, рече тој.
Според него, важно е да се следи движењето на вирусот.
Епидемиолог на Институтот Нина Родиќ-Вукмир, истакна дека вакцинираните луѓе се заштитени во голем број од сите соеви.
-Ги повикуваме граѓаните да се вакцинираат, бидејќи 98% од хоспитализираните се невакцинирани, рече Родиќ Вукмир