Бразилската убавица зачекори на црвениот тепих во светкава креација креирана специјално за неа од модниот бренд Etro.

На свеченоста, Лима беше придружувана од Андре Лемерс, со кого е во врска околу шест месеци. Заљубениот пар се бакнуваше пред бројните фоторепортери.

По модното дефиле, 40-годишниот модел напиша: „Попладнево, со него, во Венеција… Најзгодниот, најпаметниот и најдобриот маж кој го имам сретнато.“