–Првиот осомничен, недостапен на органите на прогонот, заедно со неговиот татко, во својот дом на улицата „Владимир Полежиновски“ во Скопје неовластено држеле наркотична дрога – марихуана и кокаин. При претрес, кај нив биле пронајдени 1.009,21 грама марихуана и 2,06 грама кокаин во повеќе различни пакувања. Третиот осомничен, пак, посредувал при продажба на дрогата на трети лица, се вели во соопштението од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител при судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, за кои постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото.