Два дена беа потребни да се насобере доволно морал во министерот за здравство Венко Филипче за да собере сила да поднесе пишана оставка. Да му ја достави на својот другар, премиерот Зоран Заев во пишана форма, па во „неизвесност“ да чека дали овој ќе ја прифати.
Се некако води кон амнестија – алваџија за бозаџија. Филипче кој вчера не чувствуваше ништо и ја чекаше истрагата за да почувствува, денеска осетил морална одговорност и му ја доставил на премиерот. Од друга страна, според законот, Заев нема рок до кога треба да одговори на барањето за оставка.
Прес-конференцијата Филипче ја започна со присетување на првата прес-конференција посветена на ковидот одржана на истата говориница на која денеска ја даде оставката. Не може да не се забележи отсуството на емпатија кога изразуваше сочувство на семејствата на загинатите. А само пред година и половина со особен патос ги читаше бројките на заболени. Тогаш немаше мртви, а Филипче очигледно сочувствуваше со стравот од неизвесноста.
Тогаш држеше прес-конференции пред празна сала поради ковид мерките, а денес не ги виде новинарите. Избега.