Новоизбраниот градоначалник на Студеничани Азем Садику, кој денеска офијално објави дека од матичната партија ДПА преминува во редовите на Алијансата за Албанците, за својата одлука вели дека е одговорен лидерот на ДПА Мендух Тачи.
-Прво да ви кажам дека останав во ДПА до крај, бев кандидат на ДПА и на изборите победив како кандидат на ДПА. За жал по првиот круг кога победив убедливо против кандидатот на ДУИ, лидерот на ДПА ме продаде многу евтино и се подготвија заедно со ДУИ да ја сменат волјата на Студеничани. Но, наидоа на клинец, иако државниот апарат беше силно ангажиран, со власта, со полицијата, но и покрај нив малку ги зголемија своите гласови со поддршка на Алијанса и со поддршка на граѓаните на Студеничани. Повторно победив на изборите, рече Садику.
Садику денеска најави дека последниот контакт со Тачи го имал по првиот круг од локалните избори кога тој му посакал победа.
-До крајот бев лојален на идеологијата на ДПА, но по ова предавство од ДПА решив да влезам во редовите на Алијанса, рече Садику.