За него особено несфатливо е што здравствените власти не го признаваат фактот дека прележувањето ковид создава природен имунитет кој е долготраен и трае и една година, вели тој во изјава за „Слободен печат“.
– Познавам многу луѓе со слични примери, но ќе ви кажам само еден: Човек кој три пати дарува крвна плазма, прележал ковид, има силен имунитет и антитела од 32 илјади, не само што со ваквите мерки не му го признаваат имунитетот, туку и не му даваат да оди на работа?! Значи човек чија крвна плазма ја користат за да спасат животи, го малтретираат да се вакцинира. Има граѓани кои не се антиваксери, туку се обесправени на начин што природно стекнатиот имунитет им се оспорува, иако на тестовите за антитела се покажува реалната слика. И друга нелогичност со овие присилни мерки за присилна вакцинација е тоа што се прави поделба на граѓаните среде пандемија на вработени во јавен и во приватен сектор. Која пандемија препознава таква разлика, прашува доктор Пановски.
Тој додава дека предложените мерки се неуставни и незаконски.