Како што се наведува во соопштението од Собранието, директорот Гербер искажа благодарност за конструктивната соработка со Собранието и ги поздрави напорите за унапредување на надзорот врз безбедносниот сектор.
Тој подвлече дека, донесувањето на закони со кои се формираа соодветните институции во разузнавачкиот сектор подразбира комплексни процедури и се уште една потврда за посветеноста на државата и Собранието на демократските реформи.
На задоволство на ДКАФ програмата за поддршка на Собранието, со која во 2018 година започна стратешкото партнерство со потпишувањето на првиот Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Развој на парламентарен и независен надзор“, благодарение на меѓународните партнери како Европската Унија, Холандија, Шведска и Швајцарија, кои придонесоа за успешност на тековниот проект, соработката се продолжува до 2026 година.
Џафери се осврнал на придобивките од соработката со ДКАФ во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот сектор во Република Македонија“ и искажа уверување дека, Заштитената соба во Собранието ќе се операционализира во најскоро време, со што целосно ќе се стави во функција опремата која што е набавена во рамките на Програмата. Тој потенцираше дека, реформите во безбедносниот и разузнавачкиот сектор се во насока на поголема стабилност, владеење на правото и безбедност на државата и граѓаните и исполнувањето на стандардите на Европската унија во оваа сфера.
Соговорниците,како што се наведува во соопштението, се согласија дека денешната церемонија на потпишување на Меморандумот е уште една потврда за посветеноста на државата на градење силни институции, потврдување на траекторијата на реформи и близок однос со меѓународните организации во насока на поплочувањето на патеката кон Европската унија.