– Верувам дека ова не е прв пат да бидеме сведоци на политичката немоќ на ДУИ. И претходно имаме кажано дека проблемите не се решаваат со медиумски шоуа, со монтирање на рекламни спотови на Фејсбук, туку со политичка одлучност. Не е првпат административците на пониските нивоа на административната хиерархија да не ги земаат предвид одлуките на Владата во врска со Албанците, особено одлуките на министрите на ДУИ, рече Азири, додавајќи дека според него сè ова се прави врз основа на претходно договорен план.
На новинарско прашање околу тоа колку е важна улогата на првиот заменик премиер Артан Групи, Азири истакна дека улогата на претставниците на ДУИ се само еден мејк-ап на Влчадата и оти немаат никаква политичка моќ.
– Ова се докажа и во првите 100 дена од владеењто, кога имавме парламентарна расправа и кога тие ги избројаа на таксативен начин сите ветувања за првите 100 дена и првите шест месеци и ништо од нив не се реализирало. За жал, тие се мејк-ап, особено тие се аргумент што го користат македонските политички партии пред меѓународниот фактор дека во Владата имаме Албанци и дека се е во најдобар ред. Тие се без никаква моќ, рече Азири.