Цените на горивата се тргуваат по многу високи цени и се приближуваат до цените пред Владата да преземе мерки за намалување на ДДВ од 18% на 10%, смета опозициската Алијанса за Албанците.
Од оваа партија во писмена реакција велат дека мерките што ги презема Владата се половични и недоволни, па граѓаните, според нив, плаќаат многу високи цени за снабдување со гориво на бензинските пумпи.
Ваквата состојба докажува дека Владата повторно ќе мора да се врати на предлозите на Алијансата за Албанците и да се откаже од нивните политички инаети од кои страдаат само граѓаните. На 8 март оваа година, Алијансата за Албанците, внимавајќи и размислувајќи како и секогаш за доброто на паричникот (џебот) на граѓаните на оваа држава, предложи конкретни мерки за намалување на ДДВ од 18% на 5%, за намалување на акцизата за бензинот од 22 на 15 денари, додека за дизелот од 15,50 на 9,00 денари, намалување на минималната можна трговска маржа од страна на операторите на трговијата на мало и во краен случај да се види можноста за замрзнување на вредноста на ДДВ и акциза на нивоа на максимална граница, се вели во партиското сопштение на АА.
АА бара Владата да седне час порано и да ги разгледа предлозите на Алијансата за Албанците, бидејќи на светските берзи се предвидува дополнително зголемување на цената на црното злато и со сегашните акцизи и даноци, цените на мало ризикуваат да се зголемуваат уште повеќе отколку што се моментално.