Корупција, безидејнсот, комотна позиција на професорите, никаков контролен механизам, создавање на кадри кои не се оспособени на пазарот на труд.

Филозофскиот факултет е една руинирана , распадната институција одвнатре, вели пофесор д-р Илија Ацески кој смета дека оваа слика во добр дел се пресликува и на останати факултети и институти. Студентот е најоштетен а професорската фела која редовно зема плата има се помалку обврски, благодарение на автономијата на Универзитетот.
Ацески вели дека ситуацијата во високото образование е поразителна. Конечно треба да се стави крај на професори кои не држат предавања, на професори кои држат по 20 предмети, на истражувачи кои немаат напишано научен труд, на именување на редовни професори на само 40 години, на предавања без вежби…
Државата сериозно треба да размисли за реформа во високото образование, затоа што таа е главен финасиер на “автономното“ високо образование.

ЛИДЕР: Филозофскиот Факултет одбележува 101 години од совето основање. Ваш коментар Сметате ли дека образованието е ставено на работ на интерес не само на државата туку и на научната фела и што може да се поправи за да се воздигне квалитетот на универзитетското ниво и на образување и на делување и на раководење.

-Последниве 15 години од кога се воведе Болоњскиот процес и ИКТС системот, практично и започна падот на урнисувањето на високото образование. И пред “Болоња“ беше релативно надвор од некои некои современи модерни трансформации на учење, мислам на студирање, но со тој чин на некој начин започна понатамошното урнисување.
Едноставно се сметаше дека тој систем ќе ги воведе тие новини во учењето. Кога велиме на студирање, мислиме на учење да се посветиме на студентот, да се оспособи за работа за она што студира, да го напарви среќен, задоволен од својата работа, што за жал во најголем дел од студиите, пред се мислам на УКИМ тоа не се прави. И моето искуство од некои институти и факултети говори за една една урнисаност, незаинтересираност.
Не говорам сега за овој период за оваа ковид криза и онлајн учење, но и главно пред тоа што десетици генерации добар дел излегоа неспособни да се вклучат во реалниот живот, на што сега на некој начин реагира стопанството, економијата, општеството, дека тие луѓе добар дел не се способни да работат за тоа што го посветиле 4,5, 6 околу студиите.Тоа е факт, тоа е непобитен факт којшто можам да го поткрепам со десетици агргументи кои беа присутни, факти во изминативе 25- 30 години, главно после 90-тите години, воглавно после воведувањето на Болоњскиот систем којшто на некој начин го доурниса тоа што не беше на ниво на некое модерно учење и студирање.

ЛИДЕР: Може ли нешто да се подбри за да им аме поквалитетно високо образование?

-Тоа е всушност клучното прашање. Тоа што мене на некој начин многу ме преокупира во тој период кога работев на факлттеот. Има два става, две мислење. Во ваквата ситуација бидејќи немате како велам сили, немате мотив или енергија од внатре да почне промената да се подобри квалитетот, а од друга страна пак неможноста да се делува однадвор на самата институција.
Тоа значи декаод една страна се брани таа автономија на универзитетот но од друга страна е би рекол таа автономност што јас ја покажав и докажав во мојата студија Универзитетот на распаќе. Всушност јас би рекол дека тоа води во една анархичност, една неодговорност кадешто токму тоа отсуство внатре, таа енергичност му дозволува на секој внатре да прави, вака просто кажано-што сака!
Некои факти се непобитни. На пример: Професор да има 20, 30 предмети. Па како е тоа можно?!
Да има 20 часа неделно! Како е тоа можно?
Или да има групи од 200, 300 студенти порано како што имавме, сега се промени тоа. Како е тоа можно еден професор да образува 300 студенти без асистент ,внимавајте! Без вежби, без еден пристап кој што значи учење?
Тоа се груби аргументи, но се реални. И сега се прашуваме како е тоа можно да се поправи на некој начин?!
И се покажа дека барем во оваа ситуација разочарувачки делува тоа.
Само со реформа!
Државата онаа која што финасира (бидејќи станува збор за јавно финасирање од буџетот ), директно да интервенира на самиот институт, група или факултет да започне со некоја или некаква реформа, бидејќи може таа група, тој факултет да згасне што пак понатаму создава сега други проблеми.
Бидејќи имате вие сега групи по 300,400 студенти и тоа да згасне е голем проблем.
Гаснењето на такви групи трае најмалку 5,6 години што создава сега нови трауми за овие луѓе којшто се нашле таму. Бидејќи кој е тој заинтересиран? Од професорите? Не!
Бидејќи сите професори на Филозофски и на УКИМ се редовни. 95 % се редовни ! Кој е тој заинтерсиран да работи. Бидејќи нема сила, нема таква инстанца која може да го присили на некој начин во неговата автономност да постапува квалитетно, односно оние кои што дипломираат или се оспособени да работат за она што студираат.
Тоа е главниот проблем!

ЛИДЕР: Дали самите кадри си го урнисуваат квалитетот на образованието иако се свесни за тоа?

Има едно објаснување , ако се свесни за тоа е едно, но ако не се свесни, што добар дел и не се свесни тое е сосема друго.Тој добра дел смета декае нормално е да не држите часови, нормално е да немате учебник а треба да има квалитетна литература .
Никој од нив не е ставен на некој тест. Високото образование ги нема тие контролни механизми. Контролниот механизам доаѓа подоцна, кога студентот ќе дипломира и кога не може да се снајде. Вие имате групи на Филозофски Факултет каде 90% од диполмираните не работат за тоа што студирале.
Како сега вие ќе го процените квалитетот.
И добар дел од тие што се вработени се по струката се покажуваат некои согледувања дека не се доволно оспособени!
Тука лежи таа разочарност. На 40 и некоја година да се биде редовен прфесор. Дали внатре во фелата, во професорската фела тие што станале сите редовни професори повеќе не постои натпревар!? За што натпревар? Ако се сите на 40 и некоја година редони професори. За што да се бори тој . Доживотно избран за редовен професор. Наредните 30 години може слободно да прави баш што сака.Тој не е ставен ајде вака грубо да кажам на некоја лента која што некој ќе го порверува.
Чекајте па вие мора да имате некакво истражување. Па вие мора да имате истражување. Внимајавте!
Имаше еден пример: Човек кој што предава методологија на истражување, да нема ниту едно истражување реализирано, научно а е редовен професор!

ЛИДР: Во една реченица да ја опишете состојбата на Филозофскиот Факултет?

Станува збор за една руинирана би рекол, распадната институција која што блежи како “100 години сме ние“ славиме , ние сме меѓунајдобрите но кога ќе погледнете одвнатре внимавајте!-тое е една обична руина во процесот на високото образование. Не е ова дефектизам, јас не го мразам никого лично поединечно, но сум против тоа што малкумина од нив се некако загрижени се запрашуаат што всушност се случува.
Станува збор за еден неквалитетен , зборувам за Филозофски, а велат дека некои групи се уште по бетер дека влезена е една во таа кратка една култура на коруптивно однесување, внатре во високото образование која што се препознава по неквалитет, по недговорност по некои застарени програми.
Имате еден факултет со 80 студиски, додипломски, постипломски, докторски програми. Стотици предмети еден човек по минимум, 15, 20 предмети сетоа тоа се повторува, литература пред 30, 40 години. Како може вие да имате програма која третира модерен фенмен на тоа што денес се случува а литературата да е од пред 30 години. Не е можно тоа. Студентот е жртва на сето тоа. Оној кој е најоштетен. Тече редовно плата, немате никакви обврски, вие сте автономен и се се врти во тој круг веќе подолго време . Резултатот е поразителен во тој поглед, вели професор д-р Илија Ацески за Лидер.