-Освен тоа што е трагично, станува и смешно. Владата и Бујар Османи секој месец велат дека државава ќе добие датум за преговори наредниот месец. И се така 4 години, откако Бујар Османи и Зоран Заев се сликаа во владиниот авион со веста дека сме добиле датум. 4 години СДСМ и ДУИ ги лажат граѓаните, а во реалноста нема реформи, нема проекти, има само поделби на тендери, крадење на државата, криминал и корупција. Поради политиките на коленичење Бугарија излегува секогаш со нови барања, а Заев нема дно кое неможе да го допре. И додека се колнат во ЕУ, зад кулисите прават криминал. Османи и Заев ја уништија надежта за ЕУ. Најавите дека сме добиле датум или само што не сме добиле, од врните луѓе во државата кои треба да важат за сериозни се смешни. Ова се вика безсрамно лажење. За откочување на патот кон ЕУ, и реална интеграција потребни се промени, нова влада и нов почеток, а за тоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, велат од опозицијата.