Правилото има за цел да ја искорени употребата на хидрофлуоројаглеводороди (ХФЦ) за 85 проценти во апаратите за домаќинство и го спроведува законот усвоен со двопартиска поддршка на Конгресот минатата година. Ова ќе ги доведе САД во согласност со амандманот Кигали на протоколот во Монтреал, глобален договор за намалување на ХФЦ, што САД се уште не го ратификувале.
–Тоа навистина испраќа сигнал до остатокот од светот дека сите ние сме вклучени во борбата против климатските промени, изјави националната советничка за клима, Џина Мекарти.
Правилото беше донесено шест недели пред клучниот самит на ОН за климата во Глазгов. Претседателот Џо Бајден презентира неколку климатски мерки преку извршна акција, додека другите клучни климатски предлози зависат од усвојувањето на буџетот и инфраструктурните предлози од Конгресот.
Мекарти рече дека не знае кога Бајден ќе го испрати амандманот до Сенатот за ратификација.