Адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски информираа дека поднесуваат предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април.
Како адвокати кои практиткуваат кривично право, адвокатските канцеларии Јанаки Митровски и Pesevskiи Тимовски,
Нотирајки ја потребата од исправање на неправдата со сервирање на селеткивна правда со Законот за амнестија од 2018та година, Свесни за последиците од преземените дејствија на осудените,
Изразувајки надеж дека носењето на овој Закон ќе придонесе кон исправање на неправдата направена со претходниот закон,
Препознавајки ја потребата за вистинско помирување, не мотивирано од политичко- лукративни побуди,
Длабоко загрижени од недостигот на интерес на политичките фактори за решавање на судбините на осудените, го поднесуваме овој предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април, напиша Митровски на социјалните мрежи.