Адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува поранешниот министер Крешник Бектеши, денеска ги образложи причините за одредувањето на притворот на неговиот клиент.

Миланов за ТВ 21 вели – доколку Бектеши имал намера да избега, ќе го сторел тоа веднаш, но наместо тоа, самиот се јавил во полициска станица.

„Да сакаше да бега, тоа ќе го направеше. Но, тој сам се јави во станица“

Судот го одобри барањето на Обвинителството: Мерка притвор за Бектеши и уште 13 лица во истрагата за трагедијата во Кочани

„Постои неспорен факт дека Бектеши, врз основа на телефонски повик, самиот се јави во полициска станица. Доколку планирал бегство, тоа ќе го направел уште тогаш. Бидејќи неговото име веќе се поврзуваше со случајот. Но, тој не ни помисли на такво нешто“, изјави Миланов.

„Не бил во Кочани – како би можел да влијае на сведоци?“

Втората причина за притворот, според обвинителството, е можноста за влијание врз сведоци и вештаци. Но, Миланов смета дека ова е неосновано, бидејќи Бектеши никогаш не бил во Кочани.

„Го прашав Бектеши дали воопшто некогаш бил во Кочани, на што одговори негативно. Ако никогаш не бил во тој град, како би можел да влијае на сведоци или вештаци?“

Адвокатот додаде дека не сака да шпекулира, но ако обвинителството се сомнева во веродостојноста на сопствените вештаци, тогаш можеби проблемот е на друга страна.

Бектеши останува во притвор, додека истрагата продолжува.

Извор: ТВ 21