Научниците наведуваат дека натамошниот развој на ерупцијата е непредвидлив. Ерупцијата се смири претходните денови, но вулканот продолжува да исфрла лава.
Во Ла Палма, еден од Канарските Острови со 85.000 жители, регистрирани се 16 земјотреси во претходните 24 часа, чиј интензитет не надмина 3,5 степени.
Лавата принуди евакуација на повеќе од 6.000 луѓе и уништи повеќе од 600 куќи.
Поради облак од пепел, аеродромот на островот беше привремено затворен и минатиот месец.