Курти: Не е вистина дека албанскиот јазик е под закана во Македонија

На вчерашната заедничка седница на Владите на Македонија и Косово внимание на медиумите им привлече изјавата косовскиот премиер Албин Курти. Тој на заедничката изјава со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски беше категоричен дека албанскиот јазик не е загрозен во Македонија. Курти рече дека „не е вистина дека албанскиот јазик е под закана во Македонија“ и додаде дека сите „чекаме правична одлука на Уставниот суд“.

Курти контра ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија

Ахмети со осуда до Курти

На ваквата изјава реагираа од ДУИ. Партискиот лидер, Али Ахмети чија цел сѐ повеќе се докажува дека е она на кое што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, дестабилизација го обвини Албин Курти. Ахмети рече дека ДУИ е жива и во позиција и во опозиција и дека нема да толерираат непочитување на Охридскиот рамковен договор. Меѓудругото тој додаде дека некогашната ОВК е жива денес благодарение на ДУИ.

Османи: Скандалозна и штетна изјава

Со осуда излезе поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи. Според него ваквата изјава е „скандалозна и штетна“. Османи го нарече Курти дека спроведува антиалбанска политика, која како што тврди тој, доминира во Македонија. Според Османи, Курти го загрозил Охридскиот договор преку точката за употребата на јазиците.

Целосно изнедначување на јазиците?

Османи бара албанскиот и македонскиот јазик да бидат изедначени во сите нивоа, а не само во општините со над 20 отсто албанско население.

Мицкоски од Косово: Договоривме конкретни чекори кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој

Од друга страна и минситерот за здравство, Арбен Таравари застана на страната на Албин Курти. Неговата изјава може да ја погледнете во продолжение:

Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици

Обид за дестабилизација

Очигледно ДУИ тешко го прифаќа одењето во опозиција. Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, односно коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Вреди не подлегнува на ваквите притисоци чија цел е дестабилизација на Македонија.