Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи изрази задоволство за одлуката на Уставниот суд во врска со изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10.

„Задоволство е да ја споделам со вас одличната вест дека Коридорот 8 и Коридорот 10 немаат законска пречка на патот на нивната реализација! Уставниот суд денеска ја донесе конечната пресуда за правната исправност на постапката за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата со познатата градежна компанија Бехтел – Енка. Прстенот на нацијата Тирана – Скопје – Приштина, многу наскоро РЕАЛНОСТ!“, напиша Ахмети