Пеколните температури го зголемуваат ризикот од расипување на храната доколку таа не се чува правилно. Надлежните апелираат граѓаните да купуваат храна од проверени места и по пазарењето да не се задржуваат, особено кога станува збор за лесно расипливи производи. Сирењето, јајцата, меленото месо и сладоледот треба да се чуваат во разладни уреди, а храната не треба да се остава во загреани автомобили.

Од АХВ советуваат храната која бара разладување што побрзо да се стави во фрижидер, на температура од нула до пет степени. Особено внимание се препорачува при консумација на лесно расипливи сосови, мајонези, преливи и крем-салати. АХВ летово спроведува засилени контроли во ресторани, маркети и продавници, како и на местата каде што се подготвува и чува храна во туристичките места.