По средбата меѓу премиерот Димитар Ковчевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од СДСМ почнаа да шират хистерија дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски прифатија уставни промена.
Станува збор само за ширење хистерија и лажни вести од СДСМ чиј лидеер и премиер Ковачевски никогаш не излегол на избори и кој е дојден на чело на Владата само за реализација на политики на штета на народот и државата.
Дека станува збор за агенда на Ковачевски говорат неколк факти. Прво, политиката на Владата според низата анкети спроведени особено во поседно време 70 до 80 проценти на народот е против промена на Устав и прифаќање на ултиматуми од Бугарија. Второ, Ковачевски се грижи повеќе за вицепремиерот од ДУИ, Артан Груби кој му овозможува функционарње на бизнисите на Ковачевски и неговата сопруга.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со Ковачевски, вчера беше јасен.
„ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата Влада на Демократската унија за интеграција. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. Евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“, рече Мицкоски по вчерашната средба.
Дополнително, Мицкоски рече дека е потребна потврда од Бугарија за почитување на посебноста на македоскиот народ и гаранција дека нема да следат нови барања од соседната земја во текот на евроинтеграцијата.
Мицкоски додаде дека е јасно дека во овој момент во рамките на парламентот нема 80 пратеници или две третини потребни за уставни измени.
Сепак тој заклучи дека е најдобро „час поскоро да има релаксирање во општеството, а единствен начин е практично час поскоро да одиме на предвремени парламентарни избори за да можат граѓаните да добијат влада каква што заслужуваат, а не влада каква што не ги застапува нивните интереси“.
Дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата како и сите од СДСМ се против уставни измени под овие услови и дека ако владиното мнозинство има доволно гласа за измени на Уставот рече и пратеникот и член на ИК, Антонијо Милошоски на синоќешното гостување на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.
„Тие признаа дека немаат две третини. Владата ги надминала своите капацитети во ветувања и не може да ја испорача обврската. Ако власта имаше дво третинско мнозинство или СДСМ и ДУИ уште денес ќе ја закажеа надлежната собраниска комисија“, кажа Милошоски.