Девојка (14) е киднапирана во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога.
Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.
Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.