Пет лица денеска се уапсени во Косово Поле под сомнение дека се обиделе незаконски да отуѓат земјиште од два хектара. Вредноста на имотот е проценета на околу 1,5 милиони евра, соопшти Основното обвинителство во Приштина.
Според Обвинителството, осомничените ги злоупотребиле службената положба или овластувањата и незаконски му издале потврда за сопственост на имотот на лицето М.С.
Потоа, М.С., во соработка со други лица, наводно се обидел да им го продаде земјиштето на две лица со иницијали М.З. и М.З., користејќи фалсификувани документи.
По налог на надлежниот обвинител, на петтемина осомничени им е одредено задржување во траење до 48 часа.
