Пред само две недели во Холивуд се прошири веста за бременоста на Нур Алфалах, девојката на Ал Пачино. А, парот веќе има причина да слави, бидејќи таа го роди своето прво дете, а на актерот четвртото, пренесува „Ти-ем-зи“, пренесе Слободен печат.
Извори блиски до парот за велат дека Нур неодамна се породила и двајцата родители се пресреќни. Но, сè уште не е откриен полот на бебето.
Инаку, веста за бременоста на Нур беше проследена со бројни контроверзи, меѓу кои и тврдењата дека Ал не бил сигурен дека детето е навистина негово. Тогаш, извор близок до парот ги демантираше гласините и потврди дека и двајцата се пресреќни поради бременоста, иако тоа било изненадување и за двајцата.
Истиот извор ги демантираше и шпекулациите дека Нур ја криела бременоста од Пачино и дека со него била во врска само поради пари.