На натпреварот помеѓу ракометните селекции на Македонија и Луксембург, свое официјално деби во црвено-жолтиот национален дрес забележа Дмитро Хориха.

Украинскиот бек, кој минатата година се стекна со македонски пасош, доби доверба од стручниот штаб во овој квалификациски циклус и веднаш ја искористи можноста да го запише својот прв погодок за репрезентацијата.