Судот во северниот албански град Скадар даде зелено светло за екстрадиција на рускиот криминалец баран од Интерпол, Игор Кокунов, познат под псевдонимот „Васја бандит“.
На судското рочиште поротата одлучи да го прифати барањето од руското Министерство за правда за екстрадиција на Кокунов, кој беше уапсен во август на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница.
Во меѓувреме, Русинот побара политички азил во Албанија, тврдејќи дека животот му е во опасност во Русија, но судот не го зел тоа в предвид и одлучил за екстрадиција.
Кокунов во Русија е обвинет за тешки кривични дела за кои е предвидена казна затвор од над 15 години.