Јавниот долг на Албанија на крајот на 2021 година достигнал рекордно ниво од 80,1 отсто од Бруто домашниот производ, што е највисоко во периодот на транзицијата.

Растот на долгот меѓу другого споредено со претходната година, кога овој показател изнесувал 77,8 отсто, е последица и на издадената еврообврзница од 650 милиони евра, на крајот од минатата година.
Независно од двата удари кои ги доби економијата, катастрофалниот земјотрес во ноември 2019 и пандемијата со Ковид-19, кои го доведоа во тешка ситуација државниот буџет, одржувањето под контрола на јавниот долг, беше континуирано барање на меѓународните финансиски институции. Така Светка банка и Меѓународниот монетарен фонд, предупредуваа дека зголемувањето на јавниот долг претставува ризик за економијата а владата ќе биде принудена да ги намалува инестициските трошоци.

И покрај сите препораки владата пред една година ги прекрши фискалните регулативи зголемувајќи го буџетскиот дефицит на 120 милијарди леки, а како последица на тоа и јавниот долг, со образложение дека тоа е итно неопходно во ургентни услови и потреба во рамки на пандемијата.

Во последните две години јавниот долг зголемен е за 2 милијарди евра, по една милијарда минатата и претходната година.

Оваа година владата вети намалување на јавниог долг, кој на крајот на годинава се планира да изнесува 78,9 отсто од БДП.