Светската туристичка организација ја рангираше Албанија на третото место по раст на туризмот, по Катар и Саудиска Арабија.

Албанскиот премиер Еди Рама ги објави најновите статистички податоци на СТО, кои се однесуваат на периодот јуни 2022-јуни 2023 година.

„Еве ја и компаративната табела од јуни минатата до јуни оваа година, штотуку објавена од Светската туристичка организација, каде Албанија е на третото место по раст во туризмот, по Катар и Саудиска Арабија, но без Светско првенство“, напиша Рама на Фејсбук.

Бројот на туристи во јуни е поголем за 76,4 отсто во однос на јуни минатата година, додека периодот јуни 2022 јуни 2023 година нивниот број е зголемен за 49,7 отсто.

Минатата година во Албанија престојувале 7,5 милиони туристи, годинава се очекува бројка од 10 милиони.