– Особена чест и задоволство ни е да го најавиме враќањето во нашиот клуб на Вардаровата легенда Александар Бајевски, овојпат во улога на спортски директор. Со заеднички сили кон остварување на зацртаните цели, враќање на Вардар на местото каде што припаѓа, стои во соопштението на Вардар.
Целта на Вардар е експресно враќање во Првата лига иако по првите две кола освои само еден бод.