Директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство ги презентираше последните резултати

Во изминатите десет години, здравствениот систем во Македонија постигна значителен напредок во грижата за новороденчињата и малите деца, истакнува директорката на Јавна Здравствена Установа Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев.

„Според последниот глобален извештај Levels and Trends in Child Mortality 2026, подготвен од WHO, UNICEF и UNFPA, нашата држава е наведена како пример за успешно намалување на смртта на новородените и децата под 5 години. Неонаталната смртност е намалена за 87% – од 8,1 на 1,1 смртни случаи на 1.000 живородени деца, додека смртноста кај децата под 5 години е намалена за 75% – од 11,1 на 2,8 на 1.000 живородени деца“, објаснува Алексиоска Папестиев.

Таа додава дека овие резултати се плод на координирана работа на Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Клиниката за педијатрија, како и силната поддршка од меѓународните организации.

„Заедничката визија, инвестициите во знаење и човечки ресурси и постојаното подобрување на клиничката пракса ни овозможија да создадеме поефикасен и посилен здравствен систем“, вели директорката.

Алексиоска Папестиев нагласува дека, иако резултатите се импресивни, остануваат предизвици:

„Горди сме на постигнатото, но ќе продолжиме со уште поголема посветеност, со цел секое новороденче да има безбеден почеток, а секое дете – здрава иднина.“