Алгоритмот на социјалните мрежи базиран на вештачка интелигенција некогаш знае да биде од голема корист, но некогаш знае и да потфрли. Таков е случајот со француското село „Бич“ кое бил избришан по грешка од алгоритмот.

Веднаш по грешката градот со „спорното“ име наводно добил извинување од Фејсбук и ветување дека истата ќе биде вратена.

Инаку, Фејсбук му ја блокирал страната поради тоа што името на градот „Бич“ потсетува на зборот „кучка“ на англиски.

Таму живеат околу 5.000 луѓе, а градоначалникот го повикал Марк Закерберг да го посети нивниот град, откако ја вратил страната.